Connect with us

Анчелоти: Реал Мадрид и оваа сезона ќе игра во финалето на ЛШ

Реал Мадрид останува под голем притисок откако загуби на „Енфилд“ од Ливерпул со 2-0. Тимот на Карло Анчелоти моментално е на 24. место на табелата во ЛШ и го држи последното место што води во плејофот за нокаут-фазата.

Во преостанатите натпревари Реал ќе гостува кај Аталанта, ќе го пречека Салцбург и ќе оди на гостување кај Брест. Сепак, Карло Анчелоти останува уверен во својата екипа и за шпанскиот медиум „El Larguero“ изјави дека Реал повторно ќе игра во финале.

„Најважно е дека Реал мадрид повторно ќе биде во финалето на Лигата на шампионите“, изјави италијанскиот стратег.

Со пет титули во Лигата на шампионите, две со Милан и три со Реал, Анчелоти е најуспешниот тренер во историјата на натпреварувањето и останува оптимист за иднината на „кралевите“ оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови