Connect with us

Родри: Мојата цел е да се вратам на крајот од оваа сезона

Родри, фудбалерот на Манчестер Сити, изјави дека се надева дека ќе се врати на терен пред да заврши сезоната, и покрај сериозната повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено, која ја здоби во септември за време на натпреварот против Арсенал (2-2). Менаџерот Пеп Гвардиола тогаш изјави дека шпанскиот интернационалец ќе го пропушти остатокот од сезоната, но Родри се надева дека ќе успее да се врати во акција пред крајот на натпреварувачката сезона.

„Мојата цел е да се вратам оваа сезона. Не се откажувам, но не сакам да направам грешка. Пауза од шест или седум месеци е долга, но опоравувањето ми оди многу подобро отколку што мислев. Уживам во одморот, ако тоа воопшто може да се каже за опоравување“, рече Родри во интервју за подкастот „The Rest Is Football“.

Родри зборуваше за моментот на повредата, кога помислил дека не било пукање на лигаментите, но бил сигурен дека нема посериозни оштетувања.
„Првите месец и половина беа болни, не можев да одам, но сега е многу полесно“, додаде шпанскиот фудбалер.

Премиер – лигата ја завршува сезоната на 25 мај, а осум дена подоцна ќе се игра финалето на ФА купот. По тоа, од 15 јуни до 13 јули, започнува Светското клупско првенство во нов формат, на кое ќе учествува и Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови