Connect with us

Се враќа Лигата на шампионите: Сити бара излез од кризата, ПСЖ на тешко гостување во Минхен

Вечерва е на програмата петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Ќе се одиграат девет натпревари, од кои најмногу внимание привлекуваат дуелите меѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Манчестер Сити ќе се обиде да излезе од кризата против Феенорд, Спортинг ќе игра против Арсенал во првиот натпревар без Рубен Аморим, додека Интер на „Џузепе Меаца“ ќе го пречека Лајпциг.

Во терминот од 18:45 ќе се одиграат натпреварите меѓу Спарта Прага и Атлетико Мадрид, како и Слован Братислава против Милан. Шпанците во Чешка гледаат можност за подобрување на неубедливиот старт во групната фаза, каде што имаат шест бода од четири натпревари. Истите намери ги има и Милан, кој во Словачка ќе се обиде да го продолжи победничкиот серијал по големата победа над Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Барселона и Брест оваа сезона се одлични во Лигата на шампионите. Каталонците ги испуштија единствените бодови на гостувањето кај Монако, кога во раната фаза од натпреварот останаа со играч помалку, додека Брест сè уште е непоразен во Европа. Баер исто така е непоразен со седум бода, додека Салцбург влегува во овој натпревар по освојувањето на првите три бода на гостувањето кај Феенорд.

Баерн и ПСЖ не се во најдобра ситуација по четири кола. Состојбата кај Баварците е поприфатлива, додека ПСЖ има само четири бода, па резултатот на овој натпревар би можел да биде од големо значење за нив. Интер, пак, е сè уште непоразен, додека Лајпциг е во спротивна ситуација и сè уште нема освоено ниту еден поен.

Манчестер Сити има пет последоватни порази, од кои еден беше во претходното коло од Лигата на шампионите против Спортинг. Сити ќе бара излез од кризата против Феенорд, кој исто така разочара во последното коло со пораз на домашен терен од Лајпциг. Спортинг ќе го одигра првиот натпревар во Европа без Рубен Аморим, додека Арсенал е во добра позиција со седум бода.

Јанг Бојс е една од четирите екипи што сè уште немаат освоено бодови. Од другата страна ги чека Аталанта, која добрата форма од првенството ја пренесе и во Европа и досега има осум поени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови