
Динамо Загреб влегува во недела полна со важни натпревари. Борусија Дортмунд доаѓа на Максимир во среда (20:45) за дуел во Лигата на шампионите, а потоа во недела тимот на Ненад Бјелица ќе гостува на Пољуд против Хајдук (17:45).
Натпреварите ги најави македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, на прес-конференција.
„Во среда нè очекува сериозен противник со висок реноме. Дефинитивно нè чека тежок натпревар. Мораме добро да анализираме, да се подготвиме и да покажеме вистинска енергија и пристап. Се надеваме дека со поддршката од нашите навивачи ќе дојдеме до позитивен резултат. Свесни сме дека последниот натпревар против Ријека не беше атрактивен ниту со вистинска енергија, но и навивачите треба да разберат дека континуитетот на овој распоред, со Лигата на шампионите и домашното првенство, е навистина тежок“, изјави Ристовски.
„Имаме доста повредени играчи, многу репрезентативци и многу нови фудбалери, од кои некои можеби не се свесни за големината и барањата на овој клуб. Единствениот вистински пат до успех е поддршката од навивачите. Верувам и сум сигурен дека имаме квалитетен тим, што ќе го докажеме и ќе ги постигнеме нашите цели. Морам да признаам дека Ријека беше подобар противник. Не сакам да кажам дека извлековме бод, но распоредот е таков каков што е. И противникот има право на игра. Не сме во криза, вакви натпревари се случуваат. Одиме понатаму, треба да се фокусираме на себе и сум уверен дека ќе тргнеме во вистинската насока“, додаде тој.
На прашањето кој триумф би му бил подрагоцен, Ристовски одговори: „Ќе ги добиеме двата натрпревари.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
