Легендарниот италијански стратег Клаудио Раниери треба да биде нов тренер на Рома. Тој отпатува на финални преговори во Лондон со семејството Фридкин и би се нафатил на овој предизвик да ја ја води „волчицата“ до крајот на сезоната.
Состанокот треба да се одржи денес, а јасно е дека е во интерес на сите да се постигне договор и Раниери да стане привремен тренер на Рома.
Наводно, Раниери ќе потпише договор до крајот на сезоната како тренер на овој клуб, а по завршувањето на сезоната би требало да преземе позиција во управата на клубот.
Прв избор на сопствениците на Рома за наследник на Иван Јуриќ беше Винченцо Монтела, но на крајот не беше постигнат договор со него.
Така, раководството на Рома се реши за опција Раниери да ја преземе екипата до крајот на сезоната, а на лето да пронајдат нов тренер за следната сезона.
Сѐ уште се чекаат официјални информации, но голема е веројатноста дека Раниери веќе вечерва или утре наутро официјално ќе стане новиот тренер на Рома.
Се очекува тој утре да го одржи првиот тренинг со екипата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













