Спортскиот директор на Барселона, Деко, зборуваше за младата ѕвезда на клубот, Гави, кој имаше проблеми со предните вкрстени лигаменти, и сподели детали околу продолжувањето на неговиот договор.
„Гави го претставува сè она што е Барса. Тој е посебен играч. Неговиот карактер и тоа што го покажува на теренот се сè што треба да поседува еден фудбалер. Освен тоа, тој има само 20 години, но изгледа како да има 26 или 27… Нема подобар клуб за него од Барса. Мислам дека Барселона ќе стане одлична со играчи како Гави, Кубарси, Ламин Јамал, Рафиња, Дани Олмо… Сакам Гави да остане во Барса уште долго. Секако, има детали во преговорите, но сè зависи од тоа што сака Гави“, изјави Деко за шпанското издание „Мундо Депортиво“.
Оваа сезона, Гави одигра шест натпревари во сите натпреварувања, а неговата проценета вредност е околу 90 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













