Спортинг Лисабон е вистински хит оваа сезона. Овој тим е на второто место во новиот формат на Лигата на шампионите со 10 од можните 12 бодови, а во португалското првенство има сите 11 победи. Но, оваа екипа наскоро ќе претрпи големи промени.
Тренерот Рубен Аморим, креатор на овој одличен состав, се прости од Спортинг и вчера го презеде Манчестер Јунајтед. Денес, пак, одличниот напаѓач и репрезентативец на Шведска, Виктор Ѓокереш, објави дека во јануари ќе го напушти клубот од Лисабон.
Фантастичниот Швеѓанец сезонава на 18 натпревари постигна дури 23 гола.
Како што пренесува „Скај Италија“, Јувентус сериозно е заинтересиран да го донесе во зимскиот преоден рок.
Неговата моментална цена е 70 милиони евра со тенденција за зголемување. Ако тој навистина пристигне во Торино, тоа би значело дека Душан Влаховиќ веројатно ќе го загуби статусот на прв централен напаѓач на „старата дама“ или пак можеби ќе биде продаден.
Ѓокереш пристигна во Спортинг од Ковентри во летото 2023 година за 24 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













