Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, избегнал сериозна повреда. Англискиот репрезентативец, кој беше принудно заменет во 25. минута на натпреварот против Астон Вила, има повреда на тетивата и ќе му бидат потребни околу две недели за закрепнување.
Можно е да биде подготвен за натпреварот против Саутемптон на 24 ноември, што е прв натпревар на Ливерпул по паузата за репрезентативни натпревари. Потоа следат клучни дуели против Реал Мадрид (27 ноември) и Манчестер Сити (1 декември).
Доколку Арне Слот може да смета на Трент Александер-Арнолд за овие натпревари, тоа ќе биде одлична вест за Ливерпул.
Александер-Арнолд беше повикан од Ли Карсли за претстојните натпревари во Лигата на нации против Грција и Република Ирска. Сепак, најверојатно наскоро ќе биде ослободен од ФА за да може да го продолжи своето закрепнување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













