Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, верува дека лидерот во италијанската Серија А, Наполи, станал уште посилен и подобро организиран под водство на новиот тренер Антонио Конте. Тој додаде дека Интер е подготвен за одличен натпревар во неделната битка за врвот на табелата.
Наполи има 25 бодови од 11 натпревари, додека актуелниот шампион Интер е на втората позиција со 24 бода.
„Натпревар против Наполи ќе биде вистинско дерби. Се соочуваме со лидерот, а тренерот Конте веќе успеа да создаде одлична организација во тимот“, изјави Инзаги.
„Ги познаваме квалитетите на Наполи и се подготвуваме да одиграме одличен натпревар. Прерано е да зборуваме за позициите на табелата. Ова е само 12. натпревар од сезоната, а има уште многу пред нас. Свесни сме дека овој меч е важен за нас бидејќи е последен пред меѓународната пауза, и ќе се обидеме да го дадеме максимумот за да ги освоиме бодовите“, вети тренерот на „нероаѕурите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













