
Лидерот Брегалница денеска (13 часот) гостува во Ѓорче Петров, а Македонија ЃП посакува со триумф да се врати на врвот на табелата. Ова е пресметка на двата најголеми кандидати за враќање во елитата и сигурно ќе биде во фокусот на 11.коло од Втората фудбалска лига.
Башкими ја чека разврската и ќе игра против Осогово на домашен терен, па доколку има реми во Ѓорче, ќе се искачи на првата позиција.
Охрид Лихнидос игра одлично под раководство на Гоце Толески, а денеска ќе биде домаќин на ФК Скопје и се надева на нова победа.
ИнтереснИ ќе бидат и дуелите Аресими – Детонит Плачковица, како и Беласица – Кожуф.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 11.КОЛО (денеска, 13 часот)
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА
БАШКИМИ – ОСОГОВО
АРЕСИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ГФК ОХРИД – ФК СКОПЈЕ
ПОБЕДА – ВАРДАРСКИ
БОРЕЦ – ВАРДАР НЕГОТИНО
БЕЛАСИЦА – КОЖУФ
НОВАЦИ – КАМЕНИЦА САСА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
