
Почнува вториот круг од првенството во Првата лига, а лидерот Работнички денеска (13 часот) го очекува теѓко гостување во Кратово. Засега „романтичарите“ се единствениот непоразен тим по 11 кола, а сакаат да го задржат трендот и после денешниот дуел со „разлетаниот“ Силекс.
„Првенството повторно влезе во забрзан ритам и веќе сме фокусирани на следниот меч. Утре нѐ очекува дуел против Силекс во Кратово, едно сериозно искушение за нашиот тим, но ние сме подготвени да одговориме на предизвикот. Силекс е одличен тим, посебно добро игра на домашен терен, но ние сме полни со самодоверба и се надеваме на успех“, изјави левиот бек Дин Аломеровиќ, еден од најстандардните фудбалери на Работнички.

Шампионот Струга Трим Лум исто така ќе има тешко гостување во Кавадарци. Тиквеш се враќа дома, а потребни му се бодови затоа што лошо е позициониран на табелата.
Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се сретне со Брера и се надева дека може да се реваншира за поразот од стартот на шампионатот. Овојпат тогашниот тренер на Вардар, Горазд Михајлов, ќе седи на клупата на Брера, наспроти сегашниот стратег Срѓан Захариевски.
Шкендија во Тетово ја пречекува Беса, и важи за голем фаворит во овој дуел.

Гостивар на „Борис Трајковски“ го очекува дуел со Пелистер и според досега прикажаното е голем фаворит за трите бода.
Шкупи гостува во Охрид каде ќе се сретне со Воска Спорт, а сигурно дека гостите од Чаир го посакуваат целиот плен од овој дуел.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 12. КОЛО (денеска, 13 часот)
ГОСТИВАР- ПЕЛИСТЕР
ШКЕНДИЈА – БЕСА
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
ВАРДАР – БРЕРА
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski