
Македонија ЃП и Брегалница остварија нови победи на домашен терен во деветтото коло од Втората фудбалска лига.
„Лавовите“ дома го совладаа Кожуф со 3-0. Алексеј Славков го отвори резултатот, Симеон Христов зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Софијаноски.
Брегалница во Штип го победи Вардар Неготино со 2-0. Головите за победа ги постигнаа Галевски и Фејзулаи во првото полувреме.
Аресими дома одигра 0-0 против Скопје, а тоа го искористи Башкими кој со триумфот над Каменица Саса од 2-1 се искачи на третото место на табелата.
Беласица на стадионот „Благој Истатов“ со 1-0 го победи Осогово. Борец и Детонит Плачковица ремизираа без голови, а ГФК Охрид беше убедлив против Вардарски и славеше со 3-0, со двата гола на Сашо Дуков и погодокот на Ерен Парталко. Победа со 1-0 го совлада Новаци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
