Интер Мајами со победа го започна своето учество во плејофот на МЛС – лигата, откако ја совлада Атланта Јунајтед со 2-1 благодарение на головите на Луис Суарез во втората и на Жорди Алба во 60.минута. Лионел Меси асистираше за вториот гол, а стартер за домашните беше и поранешниот ас на Барселона, Серхио Бускетс.
Последниот пат кога Интер Мајами загуби натпревар во МЛС беше на 7 јули против Синсинати. Тимот го заврши регуларниот дел од сезоната со најдобри резултати и се сретна со деветтопласираниот во Источната конференција – Атланта Јунајтед.
Натпреварот го следеше во живо и Пол Погба, кој се споменува како можен нов играч на Интер Мајами. Тој беше присутен на трибините и на натпреварот против Шарлот во септември.
Во составот на Атланта Јунајтед се истакна името на голманот Бред Гузан. Четириесетгодишниот поранешен американски репрезентативец имаше неколку клучни одбрани.
Вториот натпревар од серијата е закажан за 3 ноември во Атланта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













