Connect with us

Манчини ќе добие неверојатни 70 милиони евра отштета по раскинот на договорот со Саудиска Арабија

Роберто Манчини и фудбалската федерација на Саудиска Арабија се во преговори за раскин на договорот, објави „Ријад ТВ“. Италијанскиот тренер кон крајот на август 2023 година ја презеде саудиската репрезентација и со неа на 18 натпревари постигна седум победи, пет нерешени резултати и шест порази.

Иако Манчини доби поддршка од водечките лица на саудискиот фудбал по поразот од Јапонија (0-2) на 10 октомври во квалификациите за Светското првенство, пет дена подоцна следеше нерешен резултат на домашен терен со Бахреин (0-0), што предизвика големи критики од навивачите на стадионот поради слабите резултати.

Според информациите на „Кориере дела сера“, Манчини заработува 30 милиони евра годишно како селектор на Саудиска Арабија, а неговиот договор е валиден до летото 2027 година.


Медиумите на Островот тврдат дека е пронајден заеднички начин за раскин на договорот, со што Манчини би добил околу 70 милиони евра како отпремнина. Тоа би била најголемата отпремнина некогаш исплатена на еден фудбалски тренер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови