
Фудбалерот на Лајпциг, Чави Симонс, ќе отсуствува од терените неколку недели поради повреда, објави клубот. Тој беше принудно заменет синоќа во 78. минута во поразот на домашен терен против Ливерпул со 0-1 во Лигата на шампионите.
„За жал, Чави Симонс се здоби со повреда на лигаментите на левиот скочен зглоб на вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул и ќе отсуствува неколку недели. Методот на лекување сè уште не е утврден“, соопштија од германскиот клуб.
Чави Симонс ќе ги пропушти сите натпревари на Лајпциг пред репрезентативната пауза во ноември, меѓу кои се и домаќинствата против Фрајбург во Бундеслигата и Сент Паули во Купот на Германија, гостувањата кај Борусија Дортмунд во првенството и кај Селтик во Лигата на шампионите, како и домашниот натпревар против Борусија Менхенгладбах.
Но, ова е шанса за поголема минутажа за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој досега не доби голема доверба од тренерот Марко Росе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
