Голманот на Барселона и на германската репрезентација, Марк-Андре тер Штеген, се надева дека ќе се опорави од повредата на коленото и ќе се врати на теренот до крајот на годината, изјави тој во интервју за „ДАЗН“.
„Можеби ќе успеам да се вратам уште оваа година. Ако не, ќе продолжам со рехабилитацијата и во следната година“, изјави Германецот.
Тер Штеген ја заработи повредата минатиот месец и потоа беше подложен на операција. Неколку дена пред тоа беше именуван за наследник на Мануел Нојер како прв голман на германската репрезентација.
„Многу е важно како ќе помине првата фаза од рехабилитацијата. Особено на почетокот, физиотерапевтите можат да ти кажат што можеш да правиш повеќе и што не правиш како што треба“, продолжи Тер Штеген.
Тој додаде дека спортскиот директор на Германската фудбалска федерација (ДФБ), Руди Фелер, го посетил во Барселона, што го натерало да се чувствува почитуван.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













