Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше многу лут по поразот од Лил со 1-3 на домашен терен. Аргентинецот упати критики и кон судијата, кој досуди контроверзен пенал во корист на гостите во второто полувреме.
„Тоа дефинитивно не беше пенал. Нема туркање, нема игра со рака. Го гледав повторувањето. Топката ја допре играчот на нивниот тим, а не Коке. Судијата можеби помисли дека тоа беше рака на Коке, но не беше така. Чудно е што ВАР не интервенираше. Што можеме да направиме во ваква ситуација?“, изјави Симеоне.
„При 1-2 натпреварот стана тежок за нас. Генерално, нашата ситуација во Лигата на шампионите сега е компликувана, а шансите ни се намалија. Можеби еден ден ваквите судиски грешки ќе бидат во наша корист. Вистината е дека вакви моменти ги одлучуваат натпревари“, продолжи тој.
„Сорлот? Тој одигра многу добро, постојано се движеше и доаѓаше во шанси за гол, но не успеа да постигне погодок. Жал ми е, но таков е животот на напаѓачите. Се надевам дека шутовите кои Сорлот ги промаши, ќе станат голови во следните натпревари“, додаде Чоло.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski