Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, остана смирен по поразот од Барселона со 1-4. Баварците сега имаат два пораза од три натпревари во Лигата на шампионите.
„Изгубивме категорично. Сега не е време за детални анализи на нашето издание. Ќе седнеме заедно и ќе дискутираме каде згрешивме, а потоа ќе продолжиме понатаму“, изјави Компани.
„Во првите триесет минути, освен рано примениот гол, изгледаше како да можеме да победиме. Но, вториот и третиот гол го променија текот на натпреварот. Сигурно ќе извлечеме поуки и тоа ќе нè направи посилни“, рече Белгиецот.
„Овој пораз не е пресуден за нашата сезон. Имаше пад во играта во второто полувреме, што значи дека ќе мораме многу да работиме“, додаде Компани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













