Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, е неизвесен за големото дерби против Барселона претстојниот викенд, јавуваат шпанските медиуми.
Бразилецот има проблем со тетивата на потколеницата и беше заменет принудно синоќа во 85. минута од убедливиот триумф од 5-2 против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Очекувањата се дека Родриго денеска ќе мине медицински тестови кои ќе покажат повеќе за неговата состојба.
„Ви благодарам за сите пораки на љубов и поддршка! Утре ќе направам тестови и верувам дека оваа повреда нема да биде сериозна“, објави Родриго веднаш по синоќешниот меч.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













