
Мускулната повреда што ја доби Кевин Де Бруин од Манчестер Сити во средината на септември не е сериозна, но Белгиецот „не се чувствува добро“. Ова го изјави менаџерот на тимот Пеп Гвардиола на прес-конференцијата пред натпреварот против Спарта Прага во Лигата на шампионите.
„Не е сериозен проблем, но тој не се чувствува баш најдобро. Кевин веќе не е на 22 години. Тој мора да биде во оптимална форма за да го покаже својот фудбал. Ако не се чувствува комфорно, не може да го покаже својот неверојатен потенцијал“, изјави Гвардиола за 33-годишниот Белгиец, запрашан за неговото продолжено отсуство.
„Тренира подобро, но самиот ми кажа дека не се чувствува добро, па ќе му дадеме уште време“, додаде Шпанецот.
Де Бруин пропушти пет месеци минатата сезона поради повреда која ја доби на натпреварот против Интер во освоеното финале на Лигата на шампионите во 2023 година.
Манчестер Сити има четворица повредени играчи, меѓу кои се Кајл Вокер, Родри и Оскар Боб, кој се очекува да се врати на теренот во јануари или февруари.
Манчестер Сити има 4 бода во Лигата на шампионите по ремито со Интер и победата над Слован Братислава.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
