Карло Анчелоти го пофали Винисиус Жуниор по неговиот хет-трик, кој Бразилецот го постигна во победата од 5-2 против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Италијанскиот стручњак изјави дека, според него, Винисиус ќе ја освои „Златната топка“.
„Вини Жуниор е извонреден. Што тргна наопаку во првото полувреме? Бевме плашливи“, истакна Карло Анчелоти.
„Во второто полувреме игравме со повеќе енергија и преземавме повеќе ризици, и тоа беше нашето најдобро полувреме оваа сезона“, додаде тренерот на „кралскиот клуб“.
„Според мене, Вини Жуниор ќе ја освои „Златната топка“. Дали она што го направи вечерва ќе му помогне? Не, тоа ќе му помогне да ја освои „Златната топка“ догодина. Винисиус ќе ја освои „Златната топка“ не поради оваа вечер, туку за она што го направи минатата сезона“, заклучи Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













