Реал Мадрид губеше со 0-2, но потоа постигна пет гола за половина час и покажа зошто е актуелен шампион на Европа. Мален и Беноа-Гитенс во првото полувреме ги шокираа „кралевите“, но потоа се разбуди тимот на Карло Анчелоти.
Рудигер и Винисиус Жуниор израмнија на 2-2, а Лукас Васкез се погрижи за пресврт. До крајот, Винисиус Жуниор комплетираше хет-трик за конечни 5-2.
Арсенал го победи Шахтјор со 1-0. Стрелец на голот беше Мартинели, со помош и од противничкиот голман Ризник. Тросар во второто полувреме не реализира пенал.
Јувентус на домашен терен загуби од Штутгарт со 0-1. Туре Ел Билал во 92.минута донесе триумф за Штутгарт, кој претходно не реализира и пенал преку Енцо Милот.
ПСЖ одигра само 1-1 против ПСВ Ајндховен. Ноа Ланг пред крајот на првиот дел обезбеди водство за холандскиот тим, а израмни Ашраф Хакими со удар од далечина во 55.минута
Џирона со 2-0 славеше против Слован Братислава, а со идентичен резултат и Астон Вила ја победи Болоња.
Спортинг Лисабон на гости го победо Штурм со 0-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













