Поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски е нов шеф на стручниот штаб на македонскиот второлигаш Вардарски. Тој доаѓа во тимот од Богданци на местото на Васе Беќаров, кој замина по лошиот старт на сезоната.
Искусниот Ѓоре Јовановски треба да го консолидира тимот и ќе има мисија да се обиде да обезбеди опстанок со Вардарски.
Ѓоре Јовановски покрај репрезентацијата на Македонија, има и завидна клупска тренерска кариера, работеше во турскиот Самсунспор, во бугарскиот клуб ЦСКА Софија, како и во Ал-Батин од Саудиска Арабија, и низа македонски клубови, Работнички, Вардар, Слога Југомагнат, Милано, Металург, Брегалница, Шкендија. Последен пат беше на клупата на Кожуф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













