Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби, има истегнување на левиот бутен мускул, потврдија од клубот по извршените медицински прегледи утрово. 36-годишниот играч се здоби со повреда во првото полувреме од победата (0-1) против Рома.
„Нероаѕурите“ додадоа дека неговата состојба ќе биде следена секојдневно. Според италијанските медиуми, Ачерби сигурно ќе го пропушти не само утрешниот натпревар против Јанг Бојс во Лигата на шампионите, туку и неделното дерби против големиот ривал Јувентус во Серија А.
Се очекува искусниот дефанзивец да се врати или за натпреварот со Емполи следната среда, или за оној против Венеција на 3 ноември.
Се претпоставува дека ќе биде заменет од Стефан Де Фрај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













