
Нема повеќе дилеми, Чаби Алонсо ја одработува својата трета и последна сезона како тренер на Баер Леверкузен.
Во првата сезона дојде во текот на сезоната и го стабилизираше тимот кој беше во криза, а втората беше историска, Баер за првпат стана шампион на Германија и го освои националниот Куп, додека во финалето на Лига Европа загуби од Аталанта.
Оваа сезона целта е значителен успех во Лигата на шампионите и одбрана на домашните трофеи, но без разлика што ќе се случи, Шпанецот од јуни повеќе нема да работи во Баер Леверкузен.
Со тоа се помирија и челниците на „фармацевтите“, па веќе активно му бараат замена. Првиот кандидат е тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес, а вториот е Сандро Вагнер, помошникот на селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман.
А каде ќе оди Алонсо?
Јасно е дека од Ливерпул, за кој некогаш играше и кој го посакуваше по заминувањето на Јирген Клоп, нема да има ништо. Арне Слот одлично го започна својот мандат на „Енфилд“, и „црвените“ изгледа го решиле прашањето за менаџер на подолг рок.
Баерн Минхен се реши за проект со Венсан Компани и добро му оди, па ниту таа опција не е на маса.
Една од опциите е Чаби Алонсо да стане менаџер на Манчестер Сити, под услов Пеп Гвардиола да реши да не ја продолжи соработката со „граѓаните“, што не е невозможно по одлуката на Чики Бегиристајн да замине од Манчестер.
Тогаш Алонсо би бил првиот кандидат да седне на клупата на англискиот шампион, но би имал и уште една голема можност, можеби и најреална. Се работи за Реал Мадрид.
Договорот на Карло Анчелоти истекува во летото 2026 година, па Алонсо, кој некогаш го носеше и дресот на мадридскиот клуб, многумина го гледаат како наследник на славниот Италијанец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
