Јувентус објави дека го ангажирал младиот талент на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, што го објави официјалниот англиски профил на клубот на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), шокирајќи го фудбалскиот свет.

Малку подоцна, италијанскиот профил на „старата дама“ на истата социјална мрежа објави дека англиската верзија била хакирана и дека моментно од „Алијанц стадион“ се обидуваат да ја вратат контролата над профилот. Очигледно, тоа сè уште не се случува, бидејќи малку подоцна од истиот профил беше „објавено“ дека претседателот на клубот, Али Коч, „донел изненадувачка одлука да го напушти клубот“.

Ова ги насочи повеќето претпоставки кон тоа дека станува збор за напад од турски хакери.
„Официјалниот англиски профил на Јувентус е хакиран. Ве молиме игнорирајте ги лажните информации кои се објавени. Работиме на решавање на ситуацијата“, беше напишано официјално од страна на „старата дама“ на нивниот италијански профил на „Икс“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













