
Најтрофејниот македонски клуб Вардар испрати реакција за судењето на вчерашниот натпревар против Беса кој го загуби со 2-1. Вардарци сметаат дека се оштетени со неколку одлуки, а во второто полувреме не им е досуден очигледен пенал.
Вардар вара ФФМ најостро да реагира и да ги спречи ваквите пропусти.
„На вчерашниот натпревар против екипата на Беса Добри Дол, ФК Вардар беше сериозно оштетен од страна на помошниците на главниот судија Јован Качевски.
Имено, во второто полувреме од натпреварот, во шеснаесетникот на противничката екипа, врз фудбалерот на Вардар Џибрил Дианеси беше направен очигледен, свесен прекршок, кој директно влијаеше врз играта, шансата за погодок, а секако и врз конечниот резултат.
За жал, оваа и повеќе од очигледна ситуација не беше доволна причина за помошниците на Јован Качевски, кои од неразбирливи причини останаа неми и не му сигнализираа на главниот судија дека има очигледен прекршок, по кој требаше да биде досуден пенал во корист на ФК Вардар.
Ваквите пропусти се недозволиви, особено кога се повторуваат во континуитет, бидејќи истиот помошник судија Мартин Петковски, во два наврати оваа полусезона, како на натпреварот против екипата на Силекс, така и сега против екипата на Беса Добри Дол, во идентична ситуација, не сигнализираше прекршок за пенал во корист на ФК Вардар.
Затоа бараме ФФМ најостро да реагира и да ги спречи ваквите пропусти, со кои директно се нанесува штета на клубовите, на самата лига, а секако и на мак фудбалот во целост“, се вели во соопштението на ФК Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
