Connect with us

Јуриќ: Ќе дојдат подобри резултати за Рома

Тренерот на Рома, Иван Јуриќ, верува дека тимот е на вистинскиот пат и дека наскоро ќе дојдат резултатите. Римската „волчица“ загуби од Интер со 0-1 на домашен терен во дербито на колото синоќа и моментно е само на 10. место во табелата на Серија А.


Лаутаро Мартинез го постигна единствениот гол по еден час игра на „Олимпико”.

„Мислам дека почнавме премногу плашливо, не ми се допаднаа првите 15 минути, но потоа игравме многу добро до голот, кој дојде малку случајно“, изјави Јуриќ за „ДАЗН“.

„Имавме многу шанси, но исто така направивме премногу технички грешки, што беа всушност подароци за Интер. Дефинитивно треба да го подигнеме нивото на квалитет во последната третина, и тоа ќе нè направи поефикасни.

Навивачите на Рома протестираа против управувањето на клубот, јужната трибина на „Олимпико“ беше празна во првите 15 минути, со транспаренти кои ги критикуваа сопствениците, семејството Фридкин.

„Единствениот начин да ја вратиме довербата на луѓето е преку резултати. Мислам дека навивачите беа задоволни од многу аспекти на играта, но ни требаат резултати, а останатото се празни зборови. Мислам дека начинот на кој играчите се жртвуваат за тимот е фантастичен, и ако продолжат вака, резултатите ќе дојдат”, нагласи Јуриќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови