Connect with us

Гвардиола: Не сме навикнати да победуваме во последен момент, тоа го правеше Ливерпул на Јирген Клоп

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го победија Вулверхемптон на гостински терен со 1-2, благодарение на голот на Џон Стоунс во петтата минута од судиското продолжение.

Шампионот се мачеше, а тој гол на Стоунс сигурно ќе биде под лупа на судиските аналитичари, бидејќи долго се прегледуваше во ВАР собата, но менаџерот на “граѓаните”, Пеп Гвардиола, на крајот беше задоволен.

„Тешко беше да направиме нешто кога 11 нивни играчи беа во шеснаесетникот. Бевме трпеливи, бевме извонредни. Не сме навикнати да победуваме во последните моменти од натпреварите, како што тоа често го правеше Ливерпул на Јирген Клоп. Имавме среќа“, рече Гвардиола.

Голот на Стоунс првично беше поништен поради наводен офсајд на Бернардо Силва.

„Не разбирам зошто голот воопшто беше поништен. Бернардо не ја попречуваше позицијата, голманот Жозе Са имаше совршен преглед. Едноставно, центаршутот на Фоден и ударот на Стоунс беа совршени“, истакна Гвардиола.

По осум одиграни кола во Премиер – лигата, Манчестер Сити е второпласиран на табелата со 20 бодови, еден помалку од лидерот Ливерпул. Арсенал и Астон Вила се зад нив со по 17 бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови