Ливерпул го победи Челси со 2-1 во дербито од осмото коло на Премиер – лигата. Со тоа менаџерот Арне Слот постави свој рекорд, победувајќи во 10 од своите први 11 натпревари како тренер на „црвените“, изедначувајќи го достигнувањето на легендата Кени Далглиш од 1990 година.
Сепак, тој не брза со прославата и изјави дека посериозни оценки за тимот треба да се дадат по следните седум натпревари.
„Многу сум задоволен од резултатот. Во идеален свет, целосно ќе ги надигравме, но во овој случај не беше така. Натпреварот беше изедначен и моравме напорно да работиме за да не примиме голови. Кертис и Доминик имаа одлучувачки одбрани, кои беа исто толку важни како и головите што ги постигнавме“, изјави Слот.
„Сметам дека не треба да се прават големи заклучоци по овој натпревар, оценете нè по следните седум. Големиот тест за нас е да играме во Лигата на шампионите и Премиер – лигата на секои три дена. Тоа го правеа Сити и Арсенал во последните две сезони. Се сеќавате колку тешко ни беше пред две години, а истото може да се каже и за Манчестер Јунајтед и Њукасл, кои исто така страдаа минатата година. Нека го поминеме овој тест и ќе видиме каде сме“, додаде Холанѓанецот.
Тренерот посебно го пофали Кертис Џонс за неговиот настап во овој натпревар.
„Тој ја имаше тешката задача да го чува Кол Палмер, кој по мое мислење е неверојатен фудбалер. Но, Кертис се справи навистина добро. Невозможно е да го задржиш таков играч 90 минути, но тој успеа, а тоа влијаеше и на настапот на другите наши играчи“, смета Слот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski