Connect with us

Левандовски го надмина Герд Милер, пред него се само Кристијано Роналдо и Лео Меси

Роберт Левандовски продолжува да ја зацврстува својата позиција како еден од најголемите напаѓачи на сегашната ера. Со своите два гола против Севилја, 36-годишниот напаѓач на Барселона стана третиот најдобар стрелец во историјата на топ 5 европските првенства (Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција), со вкупно 366 голови.


Со тоа, Левандовски го надмина легендарниот Герд Милер, кој имаше 365 голови.

Сега пред него се само Кристијано Роналдо со 495 голови и Лионел Меси со 496 голови.


Левандовски своите голови ги постигна во дресовите на Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови