Барселона оствари убедлива победа над Севилја со 5-1, со што повторно има три бода предност на врвот на табелата пред својот главен ривал, Реал Мадрид. Оваа победа има дополнителна тежина, бидејќи следниот викенд Барселона ќе гостува на „Сантијаго Бернабеу“ за долгоочекуваното Ел Класико.
Роберт Левандовски го отвори резултатот со погодок од пенал во 24. минута, а само неколку минути подоцна, Педри зголеми на 2-0. Левандовски го постигна и третиот гол во 39. минута.
Во второто полувреме, Пабло Торе постигна два гола за Барселона, додека единствениот погодок за Севилја беше дело на Станис Идумбо во 87. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













