Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Александар Павловиќ, успешно е опериран по фрактурата на клучната коска.
Германскиот репрезентативец со српско потекло ја доживеа непријатната повреда на натпреварот против Штутгарт, а утрото по натпреварот беше подложен на операција.
Се очекува Павловиќ да паузира најмалку еден месец, со надеж дека ќе биде подготвен по репрезентативната пауза во ноември.
Во тој период, Павловиќ ќе ги пропушти гостувањето кај Барселона во Лигата на шампионите, дуелот со Бенфика, како и првенствените натпревари против Бохум, Унион Берлин и Сент Паули, и куп натпреварот против Мајнц.
Во најдобар случај, ќе биде подготвен за дуелот со Аугсбург на 22 ноември.
Во негово отсуство, се очекува покрај Кимих, да играат повеќе и Палиња или Леон Горецка, кој падна во втор план.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













