Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, беше задоволен по победата од 2-1 против Брентфорд. „Црвените ѓаволи“ повторно го минаа тешкиот пат до успехот, откако први примија гол, но во второто полувреме успеаја да направат пресврт.
Тренерот е задоволен што неговиот тим покажа дека може да игра добар фудбал.
„Притисокот секогаш е тука, бидејќи мораме да победуваме на секој натпревар. Почувствувавме неправда и ја искористивме како гориво во второто полувреме. Ми се допадна нашата игра, особено во второто полувреме. Секоја победа е важна. Овој тим повторно покажа сплотеност и борбен дух. Покажавме решителност да постигнеме голови и мислам дека токму тоа ни треба. Почнавме да покажуваме дека можеме да играме добар фудбал. Досега изгледаше како да не игравме во вистинскиот спорт, бидејќи не постигнувавме доволно голови и не бевме доволно конкретни пред голот. Но, овојпат постигнавме одлични голови и сум задоволен. И двата гола беа од висока класа, и со нив тимот покажа дека знае да постигнува голови“, изјави Тен Хаг.
„Кога постигнуваш голови – победуваш. Така ја враќаш и самодовербата, а на нас токму тоа ни треба, бидејќи на почетокот од сезоната имавме неколку добри натпревари. Создававме шанси, но не постигнувавме доволно голови, а кога не ги добиваш натпреварите, сите стануваат негативни и разочарани. Овој резултат ќе ни помогне, но ова е само една победа и мораме да продолжиме да ја надградуваме“, додаде Холанѓанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













