
Работнички е единствениот непоразен тим во шампионатот по десет кола откако го победи Гостивар со 1-0. “Романтичарите” славеа со голот на Атдхе Мазари во 15.минута. Тој искористи една грешка на противничката одбрана и постигна одличен погодок. Сега Работнички сериозно се наметнува како тим што може да биде конкурентен во трката за шампионската титула.
Шкендија ремизираше 0-0 во дуелот со Тиквеш иако беше многу поблиску до победата.
Шампионот Струга Трим Лум го пречека Силекс и беше декласирана со 1-4. Очигледно нешто се случува со првакот. Серијата голови за кратовци ја отвори Алиќ, а возврати Сава Радиќ. Маронг повторно донесе предност за Силекс, погоди и Леонид Игнатов, а точка на триумфот стави Марко Ѓорѓиевски.
Брера беше домаќин на Воска Спорт и одигра само 1-1. Мартин Ѓорѓиевски донесе предност за Брера, но во финишот погоди Антонио Илиески за конечни 1-1.
Беса го пречека Вардар во Гостивар и славеше со 2-1. Џемаил Есати ја доведе Беса во водство во десеттата минута, израмни Омерагиќ во 73.минута, но четири минути подоцна Имран Фетаи донесе важен триумф за Беса.
Во Битола, Пелистер и Шкупи ремизираа 0-0.
ПРВА ЛИГА, 10. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 1-0
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 0-0
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 1-4
БЕСА – ВАРДАР 2-1
БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 1-1
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
