Connect with us

Мота: Го заслуживме триумфот против Лацио, не беше лесно да стигнеме до трите бода

Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, беше задоволен од победата со 1-0 над Лацио. Тој ги пофали своите играчи за трпеливоста што ја покажаа на натпреварот и изјави дека ова е важна и целосно заслужена победа со оглед на покажаното на теренот.

„Ми се допаднаа многу работи од натпреварот, особено трпеливоста што ја покажавме во второто полувреме. И со 10 играчи против Лацио не ни беше лесно, бидејќи тие се тим кој добро се брани. Поради ентузијазмот на публиката имаше моменти кога влегувавме во шеснаесетникот и брзавме со ударите кон голот. Во второто полувреме се справивме подобро. Голот дојде во вистинскиот момент, бидејќи Лацио беше притиснат и под постојан притисок. Ова е важна и целосно заслужена победа. Никогаш не е лесно да се постигне гол против Лацио“, смета Мота.

Изненадувачки, на овој натпревар со капитенската лента излезе Андреа Камбијасо, кој изгледа дека станува сè поважна фигура во составот на „старата дама“.

„Андреа станува важен играч не само за Јувентус, туку и за Италија. Тој може да игра во средината на теренот, како бек, како дефанзивец и дури како напаѓач. Тој треба да се фокусира на одржувањето на балансот во физичка и ментална смисла, бидејќи веќе има одиграно доста натпревари. Има елементи на кои треба да работи, како на пример неговата работа во одбрана кога игра како бек, но тој сака да учи“, додаде тренерот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови