Реал Мадрид стигна до важна победа (1-2) на гости против Селта и се израмни на врвот на табелата со Барселона, која утре игра против Севилја.
„Кралевите“ поведоа со прекрасниот гол на Килијан Мбапе во 20.минута. По одземената топка од Камавинга, францускиот ас упати силен и прецизен шут од 25 метри и ја затресе мрежата на домаќинот.
Вилиот Сведберг успеа да израмни во 51.минута, а победничкиот гол за Реал го постигна Винисиус Жуниор во 66.минута, по одличната асистенција од Лука Модриќ.
Селта во судиското продолжение имаше одлична шанса за израмнување, но Довикас не успеа да ја реализира.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













