Манчестер јунајтед направи пресврт во второто полувреме и оствари важна победа од 2-1 против Брентфорд на „Олд Трафорд“. Тимот на Ерик Тен Хаг неубедливо настапи во првото полувреме, што гостите го искористија за да поведат со голот на Пинок непосредно пред крајот на полувремето.
Во вториот дел, Манчестер јунајтед заигра подобро. Гарначо постигна гол за израмнување во 47. минута, а Хојлунд го донесе тимот до целосен пресврт со гол во 62. минута.
Брајтон забележа победа од 0-1 на гостувањето против Њукасл, благодарение на голот на Дани Велбек во 35. минута.
Астон Вила исто така оствари гостинска победа од 1-3 против Фулам, со головите на Роџерс и Воткинс, а Диоп си постигна автогол.
Лестер триумфираше на гости против Саутемптон со 2-3.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













