Лајпциг ја задржа првата позиција во Бундес-лигата со победа од 0-2 на гости против Мајнц. Чави Симонс во 20. минута го постигна првиот гол, а предноста ја зголеми Вили Орбан.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас конечно доби шанса за игра во тимот на Мајнц. Иако започна од клупата, влезе во игра во 73. минута и одигра дваесетина минути на овој натпревар.
Баер Леверкузен успеа да го победи Ајнтрахт Франкфурт со 2-1, откако тимот на Чаби Алонсо направи пресврт.
Виктор Бонифејс промаши пенал во деветтата минута, а Омар Мармуш погоди од белата точка за водство на Ајнтрахт во 16. минута.
Андрих го израмни резултатот во 25. минута, а Бонифејс, по претходната грешка, постигна гол за победа во 72. минута.
Хофенхајм го совлада Бохум со 3-1, додека Борусија Менхенгладбах победи Хајденхајм со 3-2. Фрајбург со 3-1 беше подобар од Аугсбург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













