Фудбалерите на Тотенхем забележаа убедлива победа над Вест Хем во лондонскиот дуел, кој беше првиот натпревар од новото коло во Премиер лигата. Тимот на Постекоглу триумфираше со 4-1, иако веднаш на почетокот на мечот прими гол.
Мохамед Кудус го отвори резултатот за Вест Хем во 18. минута, но Дејан Кулушевски го израмни резултатот во 36. минута.
Во вториот дел, Тотенхем доминираше на теренот. Ив Бисума погоди за пресврт во 52. минута, а само три минути подоцна, Тодибо постигна автогол, што ја зголеми предноста на Тотенхем. Хјонг-Мин Сон ја стави точката со гол во 60-та минута, потврдувајќи ја убедливата победа на неговиот тим.
Мохамед Кудис во финишот доби црвен картон откако нападна физички противнички фудбалер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













