
Натпреварот меѓу ТСЦ и Раднички Крагујевац (0-2) во српското првенство стана една од најдискутираните спортски теми во Србија поради необичен момент во 79. минута.
Раднички имаше слободен удар, по кој топката се врати на нивната половина. Мехмед Чосиќ, босанскиот одбранбен играч на гостите, се најде сам пред својот гол и се обиде да ги изненади противниците со необичен потег.
Чосиќ легна на теренот и со глава ја додаде топката до својот голман. На почетокот изгледаше дека сè е во ред, но судијата Срѓан Јовановиќ го прекина натпреварот, му покажа жолт картон на Чосиќ и досуди индиректен удар за ТСЦ.
Чосиќ беше шокиран, исто како и многу гледачи.
Многумина се прашуваа зошто играчот на Раднички доби жолт картон и зошто беше досуден индиректен удар, бидејќи додавањето на топката до голманот со било кој дел од телото, освен со нога, е дозволено.
Но, Чосиќ го прекрши правилото бидејќи претходно играше со нога. За среќа по Чосиќ и неговиот тим, од индиректниот удар за ТСЦ не произлезе сериозна опасност за Раднички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
