
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изрази задоволство од работата на новиот тренер Ханси Флик и објасни зошто донел одлука за тренерска промена, со која беше ослободен од функцијата легендарниот Чави Хернандез.
Лапорта го пофали Флик за неговиот пристап кон тимот, нарекувајќи го „човек на клубот“ кој се интегрирал во градот и кој ја револуционизирал клупата на Барса.
Според Лапорта, Флик е не само професионалец туку и личност со човечки пристап, бара дисциплина и ја води екипата за пример. Неговата способност за соработка и координација со младинските екипи на клубот, како и со другите сектори, особено се истакнува.
„Флик направи револуција на клупата на Барса. Тој е човек на клубот кој се интегрира во градот, е пријатен, блиску до луѓето, бара дисциплина и е пример за лидерство. Тој е професионалец, но и со човечки однос. Исто така, е директен. Многу сме задоволни од работата што ја врши. Бев сигурен дека ќе се снајде добро, но ме изненади неговата способност за интеграција, која е доста ефективна. Тој оди да го гледа и вториот тим, а неговите односи со одговорните за младинскиот фудбал се многу блиски. Мора да има максимална координација меѓу одделите, а Флик тоа го разбира совршено и ја доби довербата на сите. Многу сум задоволен“, истакна Лапорта.
Што се однесува до смената на Чави, Лапорта истакна дека Чави направил добри работи, освојувајќи го Суперкупот и Ла Лига, но работите не функционирале како што се очекувало во последно време. Одлуката не била критика кон Чави, туку се работело за тоа што е најдобро за Барса. Лапорта исто така спомена дека слична ситуација се случила и со Куман, каде што приоритет било доброто на клубот.
Тој објасни дека овие одлуки понекогаш го натажуваат, како што било и во случајот со разделбата со Роналдињо, но тие биле неопходни за доброто на Барса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
