Connect with us

Анчелоти: Мбапе се чувствува одлично и максимално е мотивиран да одигра добро во периодот што следи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, уверува дека напаѓачот на тимот, Килијан Мбапе, „не е под влијание“ од обвиненијата за силување против него во Шведска. Тој е подготвен за настап против Селта.

„За сега сето тоа се само шпекулации. Го гледам Мбапе секој ден, тој работи многу добро, среќен е и не чувствувам дека е на кој било начин под влијание. Напротив, тој дури е и ентузијастичен“, рече италијанскиот стратег на прес-конференцијата пред натпреварот против Селта Виго во сабота.

„Деновите за одмор беа однапред одредени и секој можеше да прави што сака во тие денови. Лично, јас патував два дена во Лондон и не побарав дозвола од никого. Ниту пак имам туристичка агенција за да организирам патувања на играчите“, одговори тој на прашањето дали е нормално Мбапе да одмора во Стокхолм и на Корзика за време на паузата.

„Не побарав засилувања од управата на клубот, бидејќи минатата сезона се справивме добро со повредите и верувам дека тоа можеме да го направиме и сега. Не ја исклучувам можноста да донесеме некој играч, но не е лесно да го најдеме, бидејќи сме Реал Мадрид. Ќе го користиме нашиот состав, а се враќа и Алаба. Го загубивме Карвахал како играч, но не и како лидер, бидејќи тој продолжува да работи со нас“, додаде Анчелоти по тешката повреда на Дани Карвахал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови