Букајо Сака, крилниот напаѓач на Арсенал, останува неизвесен за саботното гостување против Борнмут во осмиот круг на Премиер – лигата. Сака се здоби со повреда за време на поразот на Англија од Грција со 102 во Лондон, во натпревар од Лигата на нациите. Тој мораше да биде заменет во 51. минута поради силни болки во задниот дел на десната нога. Потоа, го пропушти натпреварот против Финска.
По враќањето во Лондон, Сака помина дополнителни медицински прегледи под надзор на лекарскиот тим на Арсенал, но сѐ уште нема дефинитивни информации дали ќе може да настапи на претстојниот натпревар.
Арсенал моментно се наоѓа на третото место на табелата во Премиер – лигата со 17 бода, исто колку и второпласираниот Манчестер Сити, додека лидер е Ливерпул со 18 бода по седум одиграни кола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski