Connect with us

Објавени номинациите за наградата „Златно момче“, голем фаворит за признанието е Ламин Јамал

Италијанското издание „Тутоспорт“ ги објави номинираните за наградата „Златно момче“, која ја доделува секоја година. Главен фаворит за освојување на признанието е ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал.

Во последните три години наградата постојано одеше кај фудбалери од Ла Лига – Педри и Гави од Барселона и Џуд Белингам од Реал Мадрид.

Списокот на номинираните вклучува 25 имиња, а победникот ќе биде објавен на 4 декември.

Наградата се доделува повеќе од две децении, а низ годините нејзини носители биле Лионел Меси, Вејн Руни, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Номинирани за наградата се:

Ламин Јамал (Барселона)
Жоао Невеш (Париз Сен Жермен)
Ворен Заир-Емери (ПСЖ)
Алехандро Гарначо (Манчестер Јунајтед)
Пау Кубарси (Барселона)
Савио (Манчестер Сити)
Рико Луис (Манчестер Сити)
Александар Павловиќ (Баерн Минхен)
Коби Мејну (Манчестер Јунајтед)
Јорел Хато (Ајакс)
Лени Јоро (Манчестер Јунајтед)
Џејми Баноа-Гитенс (Борусија Дортмунд)
Кенан Јилдиз (Јувентус)
Кристијан Москера (Валенсија)
Адам Вортон (Кристал Палас)
Арда Гулер (Реал Мадрид)
Матис Тел (Баерн Минхен)
Дезире Дуе (ПСЖ)
Оскар Глух (Салцбург)
Саму Омородион (Порто)
Вилсон Одобер (Тотенхем)
Андреас Шелдруп (Бенфика)
Ендрик (Реал Мадрид)
Елиес Бен Сегир (Монако)
Самуел Мбангула (Бенфика)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови