Connect with us

Луис Енрике доби нов двегодишен договор од ПСЖ

Луис Енрике потпишал нов договор со Пари Сен Жермен, кој ќе го задржи во клубот до јуни 2027 година, откри „Л’Екип“. Неговиот претходен договор истекуваше во летото 2025 година, а новиот го продолжува неговиот престој за уште две години.

Луис Енрике пристигна во ПСЖ во летото 2023 година и во првата сезона освои домашна тројна круна, а тимот стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што беше елиминиран од Борусија Дортмунд.

Се очекува клубот наскоро официјално да ја потврди веста за новиот договор на Луис Енрике.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови