Претседателот на Џенова, Алберто Ѕангрило, призна дека преговара со поранешниот италијански репрезентативец, Марио Балотели. Претходно оваа недела, „Газета дело Спорт“ дури излезе со информација дека двете страни постигнале принципиелен договор и поранешната ѕвезда на Интер, Милан, Ливерпул и на Манчестер Сити ќе се врати во Серија А.
„Не се согласувам со оние кои тврдат дека неговото доаѓање може да го наруши тимот. Мислам дека потенцијално Супер Марио е најдобриот италијански број „9“ во последните 20 години. Убеден сум дека на „Мараси“ тој може повторно да биде играчот кој беше. Ова е предизвик што ми ги направи последните ноќи да останам без сон. Никогаш не би се откажал од Марио. Ми се допаѓа романтичниот фудбал“, изјави Ѕангрило во интервју за „Радио Спортива“.
Балотели е без клуб од јуни, кога му истече договорот со Адана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













