Извршниот директор на германскиот шампион Баер Леверкузен, Фернандо Каро, зборуваше за шпекулациите во врска со можниот трансфер на големата ѕвезда на „аспирините“, Флоријан Вирц, во Баерн Минхен.
„Само по себе се подразбира дека не сакаме да ги зајакнуваме нашите директни конкуренти во лигата со врвни играчи. Инаку, ова му го кажав директно и на Џонатан Тах. Го разбирам, ако сакате да замине, но би претпочитал тоа да биде во некој друг клуб, но не и во Германија“, рече Каро во подкастот „Phrasenmäher“.
„Во фудбалот не можеш да ветиш ништо. Има голема веројатност тој да стане најскапиот германски трансфер во историјата, ако замине, но ќе бидеме среќни ако остане со нас засекогаш“, истакна директорот на Баер Леверкузен.
Вирц има договор со клубот до 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













