Манчестер Јунајтед и понатаму се наоѓа во тешка ситуација, а и покрај тоа што Ерик тен Хаг неодамна го избегна отказот, сè уште постојат сомнежи околу неговата иднина на „Олд Трафорд“. Клубот сега е принуден да разгледа алтернативи за нов тренер, особено откако Томас Тухел одлучи да ја прифати позицијата селектор на Англија, наместо да стане тренер на Јунајтед.
Според англиските медиуми, еден од главните кандидати за позицијата на тренер на Манчестер Јунајтед е актуелниот селектор на Турција, Винченцо Монтела. Италијанецот ја презеде репрезентацијата на Турција во септември 2023 година и досега има постигнато процент на победи од 53%.
Во меѓувреме, се споменува и Зинедин Зидан, кој поставил два услови за да прифати да го води клубот. Ако овие услови бидат исполнети, Зидан би можел да стане новиот тренер на славниот англиски клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













