
Манчестер Јунајтед своевремено лесно се откажа од Пол Погба, кој по периодот во младинските категории на тимот од „Олд Трафорд“ прејде во Јувентус, каде што стана еден од најдобрите фудбалери во светот.
Подоцна, тој се врати во Јунајтед во рекорден трансфер, но повторно не се пронајде среќен во славниот англиски клуб. Потоа повторно се врати во Јувентус, но тогаш започнаа проблемите. Најпрво се соочуваше со повреди, а потоа беше суспендиран поради допинг.
Сепак, суспензијата му беше намалена од четири години на 18 месеци и сега се очекува неговото враќање на теренот.
Во интервју за „Дејли Мејл“, Погба на многу интересен начин го коментираше својот однос со Жозе Мурињо, со кого соработуваше во Манчестер Јунајтед.
„Нашиот однос беше како момче и девојка, постојано се каравме и се миревме. Почна одлично, тој беше една од причините зошто се вратив во Манчестер, бидејќи претходно разговарав со него и ме убеди да се вратам. Не знам зошто тоа се претвори во кошмар и постојани расправии. Јас не ги започнував кавгите. Едноставно, не се сложувавме, што понекогаш се случува меѓу тренери и играчи. Имам голема почит кон него. Ако го видам утре, ќе го прегрнам! Но, еден ден ќе мора да седнеме заедно и да разговараме за тоа“, изјави францускиот фудбалер, кој напомена и дека би се сложил и на драстично намалување на платата за да продолжи да игра за Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
